-->
-->
Приведен возач од струшко, управувал возило со 176 км на час каде дозволената брзина е 80 км на час
-->
На 29.07.2025 во 08.45 часот полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода М.Т.(58) од с.Горни Татеши, струшко, поради пречекорување на дозволената брзина со патничко возило „ауди“ со швајцарски национални ознаки на магистрален пат Гостивар – Тетово, кај клучка Камењане.
При контрола на патниот сообраќај било констатирано дека тој го управувал возилото со 176 километри на час на место каде со знак брзината е ограничена на 80 киломентри на час.
Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова: Илинден е сржта на македонската историја, срцето на македонската република
-
Новата сезона во Првата фудбалска лига стартува во петок со два натпревара
-
Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје
-
Претпладне сончево, попладне нестабилно со краткотраен пороен дожд
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје по повод Илинден
-
Собраниски делегации на Илинден во Пелинце, Скопје и Крушево
-
Лавров: Разговорот за украинското прашање меѓу Русија и САД дава резултати
-
Италија ќе започне со воздушна испорака на помош за Газа од 9 август