Скопје домаќин на регионална конференција „Пристапни реформи во Западен Балкан”
Во организација на Секретаријатот за европски прашања, денеска во Скопје ќе се оддржи регионална конференција на тема „ Пристапни реформи во Западен Балкан”.
Како што соопшти СЕП, воведни излагања на форумот ќе имаат македонскиот вицепремиер задолжен за евроинтеграции Фатмир Бесими, шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија, амбасадорот Аиво Орав и германскиот заменик амбасадор Ханс-Хелге Сандер.
На конференцијата ќе учествуваат и заменик министерот за евоинтеграции на Албанија Гентијан Елези, Дарија Рамљак помошник директор во дирекцијата за евроинтеграција на Босна и Херцеговина, заменик министерот за евроинтеграции на Косово Рамадан Илази, в.д. директорот на владината Канцеларија за евроинтеграции на Србија Ксенија Миленковиќ и Александар Пејовиќ државен секретар за евроинтеграции на Црна Гора.
Предвидено е да се одржат два панела пред кои куси воведни излагања ќе одржи Лоренс Мередит шеф на одделот за „Стратегија и политики“ при Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската комисија. Првиот насловен „Новата стартегија за проширување и новата генерација извештаи“ и вториот „Редефинирана методологија: позитивни аспекти и предизвици во известувањето“.
Форумот се организира во соработка со Германското друштво за интернационалнa соработка ГИЗ, во рамките на Отворениот регионален фонд за поддршка на ЕУ интеграции, финансиран од страна на Сојузното министерство за економски развој и соработка.
Ново на Сител
-
Уставен нема да поведе постапка за иницијативата на ДУИ
-
Серија средби на министерот Муцунски во Њујорк
-
Ждрепка во ДИК, познато гласачкото ливче за 19 октомври
-
Мицкоски најавува серијал случаи за работата на судии и обвинители
-
Лекарски прегледи во Трубарево по големиот пожар
-
Стручна комисија го испитува случајот со смртта на седумгодишното девојче во тетовската болница
-
Тошковски демантира дека убиената Росица барала помош преку СМС пораки од него
-
Ќе има одговорност за несобраното ѓубре во Скопје, кажа Мицкоски