-->
-->
Скопјанец нападнат и ограбен во Капиштец
-->
Вкупно 2.300 евра, 13.000 денари, две денарски штедни и две здравствени книшки му се насилно одземени на скопјанецот С.П. (75) додека влегувал во својата зграда на улицата „Козара“.
Како што соопшти МВР, разбојништвото е извршено вчера околу 17 часот од засега непознат сторител кој најпрво го турнал С.П. со рацете и откако тој паднал, му ги одзел книжните ќеси во кои биле еврата, денарите и книшките по што побегнал во непознат правец.
Од падот, С.П. здобил повреди на носот, десното колено и двете раце.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Есенската кошничка според СДСМ е фијаско
-
Заврши јавната расправа за Национална стратегија за сајбер безбедност
-
Герасимовски со отчет за тригодишниот мандат
-
Кочанчани се поделија, едни остануваат на блокадите, а други се повлекуваат
-
Скопје домаќин на 12-ти меѓународен симпозиум денови на Јустинијан Први
-
Преглед на вестите од светот
-
Пад на индустриското производство од 7,9% во септември
-
Тема на денот со Благој Бочварски, СДСМ