Кочанчани се поделија, едни остануваат на блокадите, а други се повлекуваат
Еколошките здруженија од Кочани се поделија во однос дали да се продолжи со блокада на патот кој води до депонијата. Едни и понатаму остануваат на т.н. „депонијада“ , а од еколошкито друштво „Green org“, сметаат дека треба да се повлечат, зашто сметот на депонијата интензивно се затрупува, а може да се предизвика уште еден еколошки проблем, односно, Кочани да се гуши во несобраниот отпад од контејнерите за ѓубре.
- Во рок од три дена видовме сериозност од страна на институциите која досега ја немаше и видовме дека може да се направи и преземе нешто. Ние како здружение имаме став дека веќе комуналните возила треба да се пуштаат за да не се предизвика нова еколошка катастрофа, како и да се врши постојан мониторинг на работата и активностите на депонијата, изјави Ана Симеонова, Еколошко друштво „Green org“- Кочани
Моментално дотурот на отпад е стопиран од другите општини и не гледаат причина зошто отпадот од Кочани да не се носи на депонијата. Во меѓувреме соседните општини, Чешиново-Облешево, Зрновци и Виница бараат алтернативни решенија за да се справат со нивниот отпад.
Веќе петти ден тие не го депонираат ѓубрето на градската депонија во Кочани. Во Виница на Совет се донесе одлука за реактивирање на веќе затворената депонија во близина на село Лески. Во Општина Зрновци нема простор за активирање на нова депонија и создавање на нови диви депонии. Отпадот ќе се селектира, пластиката и хартијата ќе се рециклираат, додека останатиот отпад ќе се собира во близина на фабриката, се додека не се дозволи негово депонирање на депонијата во Кочани.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар