Склучени педесетина договори за набавка на огревно дрво во Гостивар
- Од објавувањето на огласот секојдневно се склучуваат по четири до пет договори, а во наредниот период очекуваме и зголемување на интересот кај граѓаните. Крајниот рок за поднесување на барања и склучување на договори е З март и до тој датум цената ќе биде загарантирана. Тоа значи дека за еден кубик буково дрво ќе се плаќа по 2.370 денари и 2.450 денари за даб", вели Форе Милошевски раководител на подружницата „Шар-Гостивар.
Според него граѓаните имаат можност да го отплаќаат огревното дрво на шест еднакви рати, а првата рата се плаќа со склучување на договорот. Превозот се плаќа дополнително.
Граѓаните од социјално ранливите категории можат да користат и некои предвидени поволности. За нив е предвидено, огревното дрво да го плаќаат на повеќе рати, а добиваат и 10 проценти попуст, доколку ја платат целата сума одеднаш.
Минатата година, гостиварската подружница на ЈП „Македонски шуми“ испорача и продаде 12.500 метри кубни огревно дрво.
Ново на Сител
-
Намален бројот на сообраќајки, прекршоците не стивнуваат
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Меѓувладина седница во Будимпешта – Македонија и Унгарија на иста страна за мир во Украина
-
По тензиите во Белата куќа и Лондонскиот самит, клучна недела за Европа и Украина
-
Ахмети: Ако го допрат Законот за јазици нема да има локални избори
-
ССМ: Или повисок минималец или генерален штрајк
-
Вработени во Филхармонија на нов протест поради незаконското избирање на нов директор
-
За електронски индекси студентите ќе си почекаат