Скандал во велешко училиште: Наставник повреди второодделенец, детето заврши на хирургија
Самохраната мајка Даниела Стефанова од Велес се уште не може да поверува дека наставникот Д.К. му ја скршил удрил главата на нејзиниот син Б.С:
Немилиот настан се случил во ОУ Васил Главинов во Велес, во која наставникот Д.К. предава на второодделенците меѓу кои е и синот на Даниела Стефанова.
Според зборовите на мајката, нејзиниот син Б.С. се спречкал со друго дете од одделението, по што меѓу нив влетал наставникот за да ги раздвои.
Тој бил толку груб што детето Б.С. завршило на хирургија со неколку конци на главата.
-Го удрил мојот син во глава одзади и го залепил за ѕид. Го водев да му го шијат челото. Директорката ништо не презема. Вели дека тој е солиден наставник и „ете, и тоа се случува“. Јас на тоа бурно реагирав, а таа ми одговори „ако не ви се допаѓа наставникот, сменете го училиштето“. Уште и ми рече дека сум неколтурна зошто не сум и персирала, вели огорчената мајка на детето Даниела Стефанова.

Таа случајот го пријавила во полиција, од каде ја испратиле во просветниот инспекторат.
-Што и да направиле деца, наставникот не смее така грубо да реагира. Јас сум самохрана мајка и правам се моето дете да има спокојни и среќно детство. А ете што доживеа, да биде жртва на насилство во училиште, и тоа од овој наставник, рече Стефанова.

Од основното училиште „Васил Главинов“ каде се случил инцидентот, се без конкретен одговор дали се точни изјавите на мајката на повреденото дете.
Ново на Сител
-
Засега нема нова распределба на пратеници, вели Гаши
-
МЗ ќе набави 100 амбулантски возила, ќе се распределат низ болниците во државата
-
Во странство се лекуваат 44 повредени пациенти од пожарот во Кочани
-
Во текот на вчерашниот ден санкционирани 865 возачи, 128 за неносење заштитен шлем
-
Таравари: На располагање сме како министерство да помогнеме на сите акции за да се исчисти криминалот и корупцијата во здравството
-
Гаши: Локалните избори треба да се распишат кон крај на јули или почеток на август
-
Таравари за излегување на Алијанса за Албанците од Влада одлучува премиерот
-
Продажбата на „Тесла“ на пазарот на ЕУ со пад од 45 отсто