Скандал на Оскарите: Вил Смит му удри шлаканица на Крис Рок | ВИДЕО

Вил Смит му удри шлаканица на Крис Рок на сцената на Оскарите, откако комичарот се пошегува на сметка на сопругата на актерот Џејда Пинкет Смит.
Зборувајќи за избричената глава на Пинкет Смит, Рок рече: „Џејда, едвај чекам GI Jane 2“.
Смит се качи на сцената и го удри Рок, а пред да се врати на своето место му рече: „Задржи го името на мојата сопруга од устата…“.
Смит подоцна во солзи додека ја го примаше оскарот за најдобра машка улога низ солзи се извини за инцидентот.
„Сакам да и се извинам на Академијата. Сакам да им се извинам на сите мои номинирани колеги “, рече Смит по освојувањето на првиот Оскар во кариерата за улогата на таткото на тениските легенди Венус и Серена Вилијамс во „Кралот Ричард“.
“Уметноста го имитира животот. Изгледам како лудиот татко, исто како што зборуваат за Ричард Вилијамс. Но, љубовта ќе ве натера да правите луди работи” – рече Смит.
Пинкет Смит претходно има состојбата на губење на косата алопеција.
Рок изгледаше шокиран веднаш по инцидентот, велејќи ѝ на публиката: „Тоа беше најголемата ноќ во историјата на телевизијата“.
Потоа ја врачи наградата за најдобар документарен филм, што беше причина да се најде на сцената.
Неговата шега се однесуваше на филмот „Џи Ај Џејн“ од 1997 година во кој Деми Мур со избричена глава ја играше насловната улога.
Ново на Сител
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
-

Давитковски: Правосудниот испит законски се полага само на македонски јазик
