Сите документи катастарот ќе ги прибавува по електронски пат
Граѓаните повеќе нема да губат време и со прибавените документи од шалтерот на една институција да чекаат на шалтерот на Катастарот, отсега самите државни институции по службена должност ќе ги достават потребните документи за постапување до катстарот. Од друга страна Катстарот по завршување на постапката ќе ги достави документите електронски до надлежната институција.
Директорот на Катстарот истакна дека електронскиот шалтер што институцијата го има воспоставено од 2011 година, овоможува 44 отсто од предметите што пристигаат во Катастарот да бидат примени електронски.
Пред два дена се донесени и измените на Законот за катастар со кој институциите можат бесплатно да ги користат катстарските податоци, со што се очекува да се зголеми нивната ефикасност во имотно- правните случаи.
-
Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар