Македонија
25. јуни 2025 - 16:38

Алиу со дигитализација во министерскиот кабинет – секој петок 15 минутен онлајн разговор со граѓани

Долго чекање за операција, проблеми во добивање на дијагностички процедури или несоодветен однос на медицински персонал - граѓаните ваквите проблеми можат да ги изнесат на онлајн разговор со министерот за здравство. Докторот по информатички науки ја почна дигитализацијата во здравствениот систем од својот кабинет. Азир Алиу секој петок ќе има отворен кабинет ама секој кој ќе сака да биде ислушан, ќе мора претходно да се пријави. 

-Ги информираме граѓаните дека наредната недела ќе имаме отворен кабинет. Можноста да најдеме 15 минути за граѓаните е достапна веќе, потребно е само да се пријават со име, презиме, адреса, вели Азир Алиу, министер за здравство. 

Пред да стартува отворениот онлајн кабинет на Алиу, тој веќе понуди краткорошно решение за сообраќајниот хасо на клинички. Предлогот на министерот 300 вработени да паркираат надвор од Клинички наиде на бурни рекации меѓу здравствени работници низ клиниките каде има повеќе од 2500 вработени. Негодуваат дека тоа не е решение и не значи ништо за намалување на гужвите. Имало и доктори што ја подржувале идејата.

-Верувајте се јавуваат колеги доктори и велат не спасивте. Имаме скапи коли и гледаме изгребани и оштетени, но нема камери и не знаеме кој направил, вели Алиу.  

Дали ќе биде релизиран овој предлог не се знаме бидејќи против него е Синдикатот на Клинички кои бараат соодветно решение со кое нема пациенти со саати да бараат слободен паркинг.  За премиерот, добро е што се нудат решенија. 

-Јас сум убеден дека заедно со градски паркинг ќе бидат понудени решенија кои што нема да предизвикаат вакво чуство како што опишувате..9 пати да вртат додека најдат паркинг, вели Христијан Мицкоски, претседател на Влада. 

Решението за паркингот нема да биде долгорочно бидејќи изградба на нов Клинички центар е предвидено во втората фаза од британскиот договор за поддршка на македонското здравство.