Сирија ги одржува првите избори по падот на Ал-Асад
Сирија денеска треба да одржи парламентарни избори за првпат по соборувањето на долгогодишниот авторитарен владетел Башар ал-Асад, што претставува клучен чекор во кревката политичка транзиција на земјата по повеќе од една деценија војна, јавува ДПА.
Изборите, меѓутоа, веќе предизвикуваат контроверзии околу доминантната улога на привремениот претседател Ахмед ал-Шара и индиректната природа на гласањето.
Новиот законодавен дом ќе биде составен од 210 членови, што е намалување од досегашните 250. Новина е, меѓутоа, тоа што една третина од местата во парламентот или 70 пратеници ќе бидат назначени директно од ал-Шара, пренесува германската агенција.
Критичарите тврдат дека ова ќе обезбеди тој да го задржи влијанието врз парламентот, поткопувајќи го кредибилитетот на процесот.
Обичните Сиријци, исто така, нема да имаат можност да гласаат, туку пратениците ќе бидат избрани преку повеќестепен систем на изборни тела и изборен колеџ.
Набљудувачите велат дека овој начин на гласање ќе ги фаворизира личните врски и ќе го зацврсти непотизмот, наместо да нуди отворен натпревар.
Работите уште повеќе се комплицираа со тоа што преодната влада го одложи гласањето во неколку области, вклучувајќи го јужното упориште на друзите, Свеида, како и во делови од Хасака и Рака – области кои се во голема мера под курдска контрола, наведувајќи ги како причина локланите безбедносни проблеми, потсетува ДПА.
Затоа останува неизвесно како овие спорни региони на крајот ќе бидат претставени во парламентот.
Падот на Ал-Асад во декември стави крај на повеќе од 50-годишното владеење на неговото семејство.
Преодната влада предводена од Ал-Шара, поранешниот шеф на исламистичката фракција Хајат Тахрир ал-Шам, која го собори Ал-Асад, сега се стреми да ја стабилизира Сирија и да се претстави како партнер на меѓународната заедница, потсетува ДПА.
МИА
Ново на Сител
-
Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини
-
Сијарто: Во Брисел и кај европските лидери преовладува воена психоза
-
Насилно удрил оштетено лице во нозете и му го украл телефонот во такси, кривична против 40-годишник
-
„Златна треска“ во бугарскиот приморски град Царево по веста дека поплавата однела сеф со милиони и злато
-
Трамп се закани со „целосно уништување“ ако Хамас го одбие неговиот план
-
ОЈО: Две лица од Брвеница осомничени за илегална трговија со кокаин
-
Кобахидзе: Демонстрантите се обидоа да ја соборат владата, ЕУ се меша во грузиската политика
-
Лавина однесе тројца хрватски планини во Јулиските Алпи во Словенија