Синот на Илон Маск си го менува името и полот
Синот на милијардерот Илон Маск вчера поднесе документи за целосно менување на идентитетот, со цел дистанцирање од својот татко.
Ксавиер Александар Маск, кој има и близнак Грифин, наполни 18 години во април. Релативно кусо по роденденот, Ксавиер поднел барање до Врховниот суд на Калифорнија во округот Лос Анџелес, за промена на името во Вивијан Џена Вилсон. Во барањето, бара и полот да му се признае како – женски.
Како причина за барањето, се наведува дека Ксавиер повеќе не го прифаќа „родовиот идентитет и фактот дека повеќе не живеам или не сакам да бидам поврзан со мојот биолошки татко на кој било начин, облик или вид“. Илон Маск, пак, е виден како го напушта Федералниот суд во Лос Анџелес, каде што возвратил поднесувајќи тужба за клевета.
Илон Маск се ожени со канадската писателка Џастин Вилсон во јануари 2000 година. Во 2002. таа го роди Невада Александар Маск, кој почина од синдром на ненадејна смрт на доенче, на само десет недели. Во април 2004., Вилсон ги роди близнаците Грифин и Ксавиер. Маск и Вилсон се разведоа во 2008 година.
Ново на Сител
-
Вреди ќе има унифициран став за една изборна единица
-
Славески: Стабилен денар и ниска инфлација
-
11 годишни момчиња се најчесто жртви на врсничко насилство
-
Приватните автобуси повторно возат, велат дека од ЈСП добиле пари за до понеделник
-
Министерката Јаневска ефекти од едносменската настава очекува од септември
-
Преглед на вестите од светот
-
Трибина „Кочани е нашиот приоритет“
-
Децата во Македонија имаат 900 часови помалку од европските врсници