Тенис
20. October 2016 - 9:20

Сингл и дубл победа за Ѓорческа во Шарм ел Шеик

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа почна со две победи на фјучрсот во египетскиот град Шарм Ел Шеик. По триумфот во сингл доцна синоќа заедно со Кристина Дину (Романија) како втори носителки со 2-0 во сетови (6:2 и 6:4) ги победија Елени Кардолаими (Грција) и Анастасија Прибилова (Русија). Во следното коло противнички им се Гвадалупе Перез Рохас (Аргентина) и Џил Тајчман (Швајцарија).
 
Во поединечна конкуренција Ѓорческа во 1.коло ја победи Романката Ирина Марија Бара со 2-1 во сетови (7:5; 1:6 и 6:2) и попладнево (почеток 16 часот) во рамките на 2.коло ќе игра против уште една тенисерка од Романија третата носителка Ана Богдан (23, години – 122 место на ВТА листата).
Во меѓусебните мечеви Богдан има една победа во полуфинале на фјучрс во Анталија во 2013 година.