Симовски: Небитно е дали попишувачите се вакцинирани, менување на методологијата не доаѓа предвид

Небитно е дали некои од попишувачите се вакциниран или не. Имаме јасни и прецизни КОВИД-протоколи кои мора и ќе се почитуваат. Тоа е наша обврска, но и гарантираме дека протоколите максимално ќе се почитуваат. Ќе сносиме одговорност ако тоа не се случи, рече денеска директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.
Симовски на прес-конференција во Владата се заблагодари за владината препорака да се стават на располагање времено вработените во државните институции, но изрази надеж и очекување дека нема да има потреба од нивно ангажирање зашто има, рече, доволен број попишувачи.
Според директорот, пописот е обврска на секој граѓанин, а не доброволна активност. Методологијата на попишувањето, пак, нема да се менува, подвлече, и покрај лошата епидемиолопка слика во државата.
-Мислам дека им е јасно на сите дека не можеме сега и воопшто немаме намера да размислуваме во таа насока да ја менуваме методологијата. Донесена е според закон, објавена е во Службен весник и одобрена од Евростат, така што менување на методологијата не доаѓа предвид. Во однос на какво било одбивање за попишување, има закон кој е многу прецизе. Ова е задолжителна активност, обврска на сите. Ова не е доброволна активност, потенцира Симовски.
Во однос на попишувачите, повтори дека очќекува д аима доволне број кандидати.
-По тестирањето ќе знаеме колку попишувачи имаме на располагање и тогаш ќе можеме да кажеме дали ќе ни биде потребен дополнителен кадара. Но, очекуваме да имаме секаде доволен број кандидати кои ќе ги избираме согласно конкурсот што денеска завршува. Утре ќе имаме конкретни информации, колку аплицирале за кои пописни реони, а задутре ќе знаеме и точно колку од нив ја поминале селекцијата. Можноста да ги добиеме на располагање времено анагажирание лица во државните и институциите на локалната самоуправа е за да се интервенира по потреба, таму каде ќе нема вентуално доволно кадар – раазлични јазици при попишување и слично. Но, се надевам и очекуваме дека тоа нема да се случи, истакна директорот.
Евнтуално ангажираните, објасни директорот, ќе бидат платени само за работата што ќе ја извршуваат, како и секој друг учесник во пописот.
Ново на Сител
-

Марта Кос: Трагедијата во Нови Сад ја менува Србија
-

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица
-

Вкупно 422 болни и изнемоштени лица и тројца затвореници денеска гласаат за градоначалник на Струга
-

Во Крушево денеска гласаат 255, а во општина Долнени 134 болни и изнемоштени лица
-

Поднесено обвинение за кражба на кабли од кругот на „Железара“, нанесена штета на јавните инсталации од повеќе стотици илјади евра
-

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје
-

Почнува аплицирањето за студентски стипендии за 2025/2026, првпат се доделуваат и 15 за студии по македонски јазик
-

Во Нови Сад голем коморативен собир по повод годишнината од падот на бетонската настрешница на железничката станица
