-->
-->
Симболично велосипедско возење на „За заедничка Македонија“ во Велес
-->
Младинскиот велосипедски Клуб МВК „Велес“ од Велес денеска со велосипедска тура низ улиците на градот се приклучи на иницијативата за поддршка на барањата на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
Симболичната велосипедска патека почна пред споменикот на Панко Брашнаров во новиот дел на Велес, продолжи низ главната улици до Стар мост, а потоа во центарот на градот кај кружниот тек. Во велосипедската тура на МВК „Велес“ имаше педесетина учесници - нивни членови и граѓани кои самоиницијативно се приклучија кон спортската манифестацијата за подршка на „За заедничка Македонија“.
На крајната цел на велосипедското возење кое беше во центарот на Велес кај кружниот ток, учесниците положија букети цвеќе и се поклонија на споменикот на Коњаникот во чест на велешките Илинденци и на споменикот на Кочо Рацин.
Сашко Ванчев, претседател на МВК „Велес“, истакна дека пораката до политичарите е да не ја преминат опасната црвена линија и оти ќе се борат за зачувување на македонскиот јазик како единствен официјален јазик на државата, одбрана на Уставот, името, грбот и знамето.
- Воедно до нив упатуваме порака дека во законската регулатива ќе се заложиме за донесување забрана никој од нив - политичарите во иднина да не’ смее никако да посегне во промената на овие наши најсветли вредности и симболи, а кои се однесуваат на нашата државноста и унитарноста на Република Македонија, потенцира Ванчев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зеленски вели дека Кина и доставува оружје на Русија
-
Паднато дрво оштети три автомобили и скина кабли од бандерите кај „Млечен ресторан“
-
Странските студенти во САД масовно поднесуваат тужби против нивна депортација
-
Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје
-
Водата во Дебар, пред пиење мора да се преврива
-
Кос-Жељазков: Европската интеграција носи стабилност и безбедност во регионот на Западен Балкан
-
Трамп најави засилени трговски преговори, Кина подготвена за разговори
-
По повод Велигден автобусите од јавниот превоз во петок и понеделник ќе сообраќаат по неделен возен ред