Силното невреме предизвика одрони на патот кон Македонска Каменица и Делчево
– Силниот ветер и врнежите од дожд кои го зафатија Пијанечкиот регион повторно предизвикаа одрони на магистралата Делчево – Македонска Каменица – Кочани. Како што информираат возачи голема карпа е забележана веднаш по излезот од Македонска Каменица кон Кочани.
-Карпата поради слабата видливост не се гледа, за среќа ние ја забележавме, пробавме да ја отстраниме од коловозот, но безуспешно. Препорачуваме до возачите да внимаваат на овој потег, бидејки истата не се гледа и може да предизвика проблеми, велат возачи кои сообраќале на патот Делчево – Кочани.
Од подружницата на Македонија пат се запознати за проблемот и веќе е испратена екипа на терен за санирање на одронот. Оттаму апелираат возачите внимателно да се движат на овој патен правец, бидејки на вакво време, како што додаваат, се можни одрони и на останатите делови од магистралата Делчево – Македонска Каменица – Кочани.
Поради се посилниот дожд сообраќајот на овој патен правец се одвива по влажни коловози и препорачливо е прилагодување на брзината и почитување на сообраќајната сигнализација.
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада
-
Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера