Силни експлозии во Дамаск
Силни експлозии одекнаа минатата ноќ во реонот на сирискиот главен град Дамаск, но засега нема информации за евентуални жртви или предизвикани материјални штети.
Сириските државни медиуми објавија дека експлозивите биле предизвикани од проектили лансирани од Израел.
Ваквите наводи ги потврди и сириската противвоздушна одбрана, која соопшти дека лоцирала оти „непријателски проектили долетале од окупираните територии“, алудирајќи на Израел и дека „уништила поголем број“ од нив.
Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон, соопшти дека израелската армија извршила ракетни напади врз цел во околината на Дамаск.
Израел досега ниту ги потврди, ниту ги демантираше ваквите наводи. Изминативе месеци израелските сили во неколку наврати соопштија дека извршиле напади врз цели во Сирија поврзани со Иран и проиранското либанско движење Хезболах, кои во сирискиот конфликт се сојузници на властите во Дамаск.
Ново на Сител
-
СДСМ: Владата да најде лекови за Онкологија
-
ДУИ: Граѓаните плаќаат за министрите на Вреди да се шетаат
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да се извини за Груби
-
ДКСК на второ место согласно Извештајот за транспарентноста на државните институции за 2024
-
Прилепското обвинителство чека извештај од полицијата за повредениот ученик
-
Тошковски: Се собираат дополнителни докази за бегството на Артан Груби
-
Фон дер Лајен: Во геополитички променет свет ЕУ мора да промени некои работи за да ги одбрани своите вредности
-
Подигнати 45 кубни метри непрописно одложен отпад од картонски пакувања во општините Кисела Вода, Центар и Чаир