Сиљановска Давкова присуствуваше на настапот на македонската Национална опера и балет во Софија
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчеравечер во Софија присуствуваше на настапот на македонската Национална опера и балет, што во Софиската опера и балет ја изведе операта „Набуко“ од Џузепе Верди.
На настапот на македонските уметници, со кој беше отворена оперската сезона во Софија, присуствуваа и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кои се во состав на македонската делегација, соопшти Кабинетот на претседателката.
Претходно Сиљановска Давкова имаше средба со нејзиниот бугарски колега Румен Радев, по која оцени дека со добра волја, меѓусебна почит и разбирање може да се најде решение за отворените прашања меѓу Скопје и Софија. Шефот на бугарската држава, пак, очекува искажаната желба за дијалог и разбирање од Сиљановска Давкова да стане конзистентна политика на Владата во Скопје и тврди дека Бугарија отсекогаш била отворена за дијалог со Северна Македонија.
-Убедена сум дека разговорот што помина во една дебатна пријатна атмосфера ќе вроди со плод. Не можам да кажам дека утре ќе се случи тоа, но важно е да почнете. Уште еднаш се покажа дека кога ќе седнете и разговарате водени од добра волја bona fide, а не од mala fide ќе направите еден голем исчекор кон пронаоѓање заеднички важни решнија. Јас не сум случајно овде, дојдов за да разговарам, и се разбира дека сега го очекувам претседателот Радев да дојде во Скопје. Мислам дека ако се слушаме, ако се почитуваме, ако имаме волја да се разбереме, тогаш решението е на дофат, изјави претседателката Сиљановска Давкова по првата средба со Радев.
Прашана околу што се согласиле со Радев, таа посочи дека се обединиле околу европската интеграција, копенхашките критериуми, регионалниот пристап на решавање на проблемите. За прашањето околу внесување на Бугарите во Уставот конкретно не станало збор на средбата со Радев, а во врска со нејзиниот став за промената на Уставот, Сиљановска Давкова рече дека одлуките за овие прашања ги носат пратениците во Парламентот и не зависат од ставови на подинци.
Радев преку соопштение нагласи дека „Бугарија очекува искажаната желба за дијалог и разбирање од страна на претседателката Гордана Сиљановска да стане конзистентна политика на Владата на Република Северна Македонија“. Истакна дека дијалогот на највисоко ниво меѓу двете земји треба да биде активен и да ја стимулира работата на владите, бизнисите, како и билатералната размена во областа на образованието, науката и културата.
-Бугарија отсекогаш била отворена за дијалог со РСМ и очекува таа не само да помогне во билатералното културно зближување и економската соработка, туку и преку неа да се постигне решение за отворените прашања во односите меѓу двете земји. За нив мора да се одлучува врз основа на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, протоколите потпишани кон него и Заклучоците на Европскиот совет од летото 2022 година, усвоени едногласно од сите земји-членки на ЕУ и со согласност на РСМ. Ова е начин да се отвори преговарачкиот процес за целосна европска интеграција на РСМ во интерес на младите во земјата, а тоа ќе биде позитивен знак за целиот регион, се наведува во соопштението од кабинетот на бугарскиот претседател Румен Радев.
Ново на Сител
-
Палестинскиот претседател подготвен на соработка со Трамп за завршување на војната во Газа
-
МВР: Лишен од слобода криумчар на мигранти
-
Сеизмолошка опсерваторија: Регистриран земјотрес од 2.8 степени по Рихтер
-
Земјотрес со јачина од 2,9 степени регистриран во околината на Ресен
-
Пелоси го обвинува Бајден за поразот на Харис и демократите
-
Млад манијак осомничен за полов напад на две девојки во Битола
-
Чешкиот претседател стравува дека договорот меѓу Трамп и Путин ќе биде на штета на Европа
-
Пуштање во употреба на хидросистемот „Ѓавато“