Македонија
30. January 2022 - 20:35

Силјановска Давковa: Мислам дека Бугарија ќе го крене ветото

Пратеничката Гордана Силјановска Давкова во вечерашното гостување во Тема на денот на Сител изјави дека смета дека Бугарија ќе го крене ветото.

-Мислам дека Бугарија ќе го крене ветото, но не од уверување, туку поради алибито дека тој пат кон ЕУ трае 15 години и треба да се отворат 27 поглавја. Тоа е новата методологија, смета Силјановска Давкова.