Сиљановска Давкова: Македонско-унгарско пријателство се темели на силни економски врски, културни и академски програми

Во Скопје синоќа беше одбележан Националниот ден на Унгарија. На приемот организиран од унгарскиот амбасадор Андраш Клајн присуствуваше претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
-Долгогодишното македонско-унгарско пријателство се темели на силни економски врски, културни и академски програми, заеднички иницијативи, како и на соработката во одбраната. Унгарија останува искрен и посветен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат, препознавајќи ги нашите напори за стабилност и реформи, засновани на европските вредности, пишува претседателката Сиљановска Давкова на својот Фејсбук профил.
Таа изразува уверување дека партнерството ќе продолжи да се развива во духот на взаемна почит и солидарност.
На приемот по повод Националниот ден на пријателска Унгарија, покрај македонската претседателка, меѓу другите присуствуваа и министрите Панче Тошковски, Гордана Димитриеска Кочоска, Весна Јаневска, претставници од Собранието, локалната самоуправа, бизнис заедницата и на дипломатскиот кор.
МИА
Ново на Сител
-

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука
-

Потврден притворот на директорот и управителот за отпад во „Комунална хигиена“ Скопје, Кривичниот совет ги одбил жалбите
-

Тепачка на пензионери - две лица на 70 и 62-годишна возраст физички се пресметале во казино во Аеродром
-

Нови собири пред Собранието на Србија: Студенти со шатори заминуваат за Белград за да ја поддржат Хрка
-

Тепачка по расправија во сообраќајот - тетовец им се заканувал со нож на полицајци
-

18-годишна девојка од Карпош го пријавила својот татко за физички напад
-

На ГП Долно Блаце приведен Мароканец кој илегално влегол во државава
-

Тешко повреден 23-годишен возач откако со „ауди“ излетал од патот
