Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предаде Извештајот на Европската комисија за напредокот за 2025 година. Амбасадорот Рокас ги нотираше главните проблеми со коишто се соочуваме, како и очекуваните промени, информираат од Кабинетот на Сиљановска-Давкова.
Соговорниците констатираа недостаток на прогрес во владеењето на правото, борбата против корупцијата и криминалот, како и судството, истакнувајќи ја потребата од максимални напори за реформи во овие области.
-На средбата беа поздравени позитивните резултати во рамките на Планот за раст, реформата на јавната администрација, како и успесите во Кластерите 3,4,5 и 6. Сиљановска-Давкова имаше забелешки на дел од констатациите во Извештајот коишто се однесуваат на Кластерот 1. Таа, исто така, укажа на потребата евалуацијата да биде заснована врз Копенхагенските критериуми, а не врз политичките услови со коишто се соочуваме две децении, се вели во соопштениетоод Кабинетот на Сиљановска-Давкова.
За амбасадорот Рокас, се додава, сегашниот момент е најдобриот за храбри и одлучни чекори во реформите, заради отворено изразената волја на лидерите на ЕУ за поддршка и помош на македонската евроинтеграција.
МИА
Ново на Сител
-

Орце Ѓорѓиевски и официјално победи на изборите во Скопје
-

Мицкоски: Да го сменевме уставот се ќе беше одлично
-

Јаневска: Новата стратегија за образование ќе ги подобри резултатите на учениците на ПИСА и ТИМСС
-

Етничката припадност често е причина за конфликт меѓу младите
-

Со грантови со ЕУ се поттикнува социјалното претприемништво во земјава
-

Полицијата го олеснува визниот режим за турските студенти
-

Наградата „Жива“ можност за поголема промоција
-

Преглед на вестите од светот
