Сиљановска-Давкова: Божик е повик да погледнеме кон себе, да го разбудиме човечкото во нас, добрината, надежта

Кога денеска постојано слушаме Христос се роди, навистина се роди, тоа не е само обична изјава, туку тоа е едно длабоко потсетување за себе, за најблиските, за државата, за христијаните дека оваа изјава има длабока тежина и големо значење. Значи дека треба да се потсетиме на она што го означува, а означува подготвеност и способност и желба човечкото во себе да го разбудиме, а човечкото е секогаш врзано за светлина, за добрина, за надеж или ако можеби уште подобро може да се објасни божественото во нас да го разбудиме.
Ова денеска го изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова која денеска присуствуваше на божикната литургија во Соборниот храм „Св.Климент Охридски“.
- Затоа секоја година, како што и архиепископот рече, ние на овој ден фрламе еден поглед кон себе, се оценуваме и се прашуваме дали навистина се однесуваме со верба и со вера во доброто, во убавото или ако сакате во светлото. Затоа е тоа голем ден. Ми се чини дека зборовите на архиепископот дека во ова време невреме, дури и кога нешто не гледаме, треба да веруваме во него, а тоа е повторно доброто, светлото, надежта дека човекот во нас постои, дека еве денеска се потсетуваме на богочовекот, на Исус Христос, кој не е само денеска меѓу нас, туку е постојано меѓу нас за да не потсети за тоа дека неговиот пат е нашиот вистински пат, рече Сиљановска-Давкова.
Гледате, потенцира таа, колку народ одеднаш се обединува, гледате каква позитивна енергија и мисла има.
- Јас не видов денеска намуртен човек, сите се насмеани и сите си ветуваат сами себеси дека од денеска, па натаму ќе бидат уште подобри, ќе го гледаат кај другиот најдоброто, ќе го потикнуваат кај другиот доброто, ќе трагаат по светлината односно ќе трагаат по Бога во себе, додаде Сиљановска-Давкова.
Одговарајќи на новинарско прашање таа рече дека паричката за Бадник се паднала кај нејзината внука.
- Незнам да кажам дали тоа беше случајно, се разбира на едно дете му треба да верува дека животот е пред него, дека доброто вреди да се учи, се учи, љубовта се учи, доброто се учи. Учиме ние да станеме добри луѓе и мислам дека немаше посреќно дете од неа. Се разбира нејзината радост, како и денеска нашата радост овде со дечињата ангелчиња е немерлива. Среќни празници на сите, порача претседателката Сиљановска-Давкова.
МИА
Ново на Сител
-

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид
-

Блокадата над населбата Баир во Битола заврши, се расчистуваат поставените препреки
-

Илјада згради во Киев и натаму се без греење, изјави Зеленски
-

Мерка притвор за 33 осомничени за трговија со токсичен отпад во Драч, 20 уапсени, по 13 се трага
-

Во Абу Даби заврши првиот ден од втората рунда преговори за прекин на војната во Украина
-

Гаши од Вашингтон: Северна Македонија останува лојален сојузник на НАТО и посветен партнер на САД
-

Објавен документ напишан од Гоце Делчев, шифрирана азбука со која контактирал со четите
-

Од денеска достапен нов портал со листа на закажани хируршки интервенции - ја унапредуваме транспарентноста во јавното здравство, вели Алиу
