Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец

Времето денес ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Во наредните денови, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во текот на утрешниот ден засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.
МИА
Ново на Сител
-

Полуфиналето на турнирот во Порто и донесе скок на Ѓорческа од 12 места
-

Епидемиологот Оранска од ВМЦ: Четворица заболени од шуга во касарната во Велес, болеста не потекнува од Армијата
-

Тешко повредено 11 годишно момче во Штип, со велосипед удрило во дрво
-

Без вода утре делови од Карпош
-

Директорот на ДЗС на средба со доброволни пожарникари за засилување на соработката
-

Меморијален марш „Кети Милковска и 63 Ангели“ во Македонска Каменица
-

Министерство за одбрана: Случајот со шуга кај професионални војници не потекнува од касарната во Велес, апелираме да не се манипулира јавноста
-

Недела на традицијата, на грозјето и производи од грозје во Тиквешијата
