Свет
11. July 2016 - 9:03

Силен земјотрес ги погоди крајбрежните области на Еквадор

Силен земјотрес го погоди северозападниот брег на Еквадор, но засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Американскиот геофизички институт соопшти дека земјотресот бил со интензитет од 5,9 степени според Рихтерова скала, а епицентарот се наоѓал на околу 41 километар јужно од Прописија, на околу 35 километри под површината на земјата. Умерени потреси биле почувствувани и во главниот град Кито.

Според Еквадорскиот геофизички институт имало два земјотреса, со интензитет од 6,2 и 5,9 степени, кои се случиле во период од неколку минути.