Сијарто: За да се избегне трета светска војна, ЕУ и Украина треба да се согласат со американскиот мировен план

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска изјави дека лидерите не Европска Унија се обидуваат да го поткопаат мировниот план на САД за Украина и да ги принудат Украинците да ги продолжат воените дејствија против Русија.
Според него, таквиот став на ЕУ може да доведе до трета светска војна.
-Претседателот на САД, Доналд Трамп вложува напори за мир. Ние, Унгарците, ги поддржуваме, а Брисел и западните Европејците се обидуваат да ги поткопаат, истакна Сијарто за радио Кошут.
Тој додаде дека во моментов постојат јасни разлики во ставовите на САД и ЕУ за Украина.
-Американската администрација тргнува од реалноста, се придржува до политичка стратегија заснована на здрав разум и сака да ја заврши војната, додека во Брисел сè уште владее воената психоза, истакна Сијарто додавајќи оти западноевропските политичари „се подложени на луд воинствен став и сакаат да ја продолжат војната“.
Унгарскиот министер за надворешни работи предупреди дека доколку ескалира воениот конфликт и доведе до директен судир меѓу НАТО и Русија, тоа ќе иницира „трета светска војна, која ќе биде нуклеарна и во која ќе биде невозможно да се преживее“.
Според Сијарто, за да се избегне таквото сценарио потребно е ЕУ и Украина се согласат со новиот американски мировен план.
МИА
Ново на Сител
-

Неделава конечно ќе се објават имињата што ќе го заменат Меџити во Владата
-

Реформи во судството
-

Аца Лукас обвинува за политичко приведување: Ако било нерегуларно требаше да не дозволат да се случи настапот
-

АХВ спречи увоз на над 20 тони небезбеден помфрит од Холандија - рокот на употреба му поминал пред 6 месеци
-

Граѓаните ги чекаат парите од Мој ДДВ, од власта најавија дека ќе ги добијат до крајот на месецот
-

Ресен се справува со штетите од поплавите
-

Со новите авиолинии до пораст на туристите
-

Рушење и експропријација, Штип добива нов урбан изглед
