Сијарто: Шенген зоната ќе се распадне без заштита на границите

Шенген зоната на безвизен режим може да се распадне и исчезне доколку Европската унија не ги заштити своите надворешни граници, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
Крајот на Шенген зоната може да има несогледливи економски последици, рече Сијарто на состанкот на унгарскиот Европски деловен совет (ХЕБЦ), каде оваа организација го претстави извештајот за Унгарија.
- Во светот се води жестока борба за нови инвестиции, но, исто така, важано е да се задржат и старите инвеститори, како и да се пронајдат нови, рече Сијарто.
Достапноста на соодветното образование и обучените работници е најважна кај планирањето на новите инвестиции, додаде тој.
Сијарто изјави дека планира средба со раководството на компаниите-членки на ХЕБЦ, за да ги разгледаат обуката на работната сила и новиот стручно-образовен систем во Унгарија.
Автори на извештајот за Унгарија се компаниите АББ, АкзоНобел, Бритиш Телеком, Ериксон, ГДФ, Суец, Маѓар телеком, Хенкел, Нестле, ОМВ, Филипс, САП, Шел и Волво камиони.
Сијарто денеска во Парламентот изјави дека Унгарија покажа дека е навистина способна да ги запре масовните миграции на модерното време, но денеска се покажува нова опасност во вид на системи на квоти, од кои Унгарија самата мора да се заштити.
Сијарто рече дека е смирен приливот на бегалци во јужниот дел од земјата, но дека новиот бран би можел земјата да ја погоди од запад и дека затоа Унгарија мора да се заштити.
Ново на Сител
-

Цеца исвиркана од публиката во Велес откако подигна бугарско знаме - настапот беше прекинат
-

Тековно се спроведува гласањето на болните и немоќните, осудените лица и сместените во домот за стари лица во Куманово
-

Вучиќ ќе присуствува на помен и молитва во црква во Белград за жртвите во Нови Сад
-

Јужна Кореја вети дека ќе продолжи со обидите за зближување со Северна Кореја
-

ДИК: Гласањето на болни и затвореници се одвива непречено
-

Си ги повика економиите на Азиско-пацифичкиот регион заеднички да создадат одржлива иднина
-

Марта Кос: Трагедијата во Нови Сад ја менува Србија
-

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица
