Јужна Кореја вети дека ќе продолжи со обидите за зближување со Северна Кореја

Претседателот на Јужна Кореја, Ли Џае-мјун, изјави дека сака да ја продолжи политиката на зближување со Cеверна Кореја и покрај, како што изјави „редовните покажувања непријателство од Пјонгјанг“.
„Преземаме активни чекори за изградба на доверба и да се почувствува Cеверна Кореја посигурна“, изјави јужнокорејскиот претседател на прес-конференцијата по самитот на Азиско-пацифичката економска соработка во градот Гуангџу.
Откако ја презеде функцијата во јуни, јужнокорејскиот претседател направи неколку обиди да почне дијалог со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, но тие беа одбиени.
Официјален Пјонгјанг повеќе пати ја нарече Јужна Кореја свој главен непријател и минатата година ја запиша таа дефиниција во севернокорејскиот Устав. Ким вели дека не е заинтересиран за дијалог со Јужна Кореја, без оглед на тоа која влада е на власт.
МИА
Ново на Сител
-

54-годишна жена од битолско повредена со воздушна пушка додека била на нива
-

Кривични пријави за матичари и советници кои овозможиле жена да користи два идентитети
-

За следење на вториот круг од локалните избори акредитирани 1598 набљудувачи, 933 домашни и 651 меѓународен
-

При претрес во охридско пронајдени дрога, оружје и муниција | ФОТО
-

Во гостиварската полиција пријавено дека малолетник се затрул од алкохол во угостителски објект
-

Кривична против неготинец поради сомнеж за „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем
-

Во штипскиот затвор почина Кире Ѓорѓиевски, еден од осудените за случајот 27 април
-

Цеца исвиркана од публиката во Велес откако подигна бугарско знаме - настапот беше прекинат
