Си ги повика економиите на Азиско-пацифичкиот регион заеднички да создадат одржлива иднина

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска изјави дека економиите на Азиско-пацифичкиот регион треба дополнително да ја промовираат корисната соработка, да ги искористат новите можности за развој, да одговорат на глобалните предизвици и заеднички да изградат одржлива иднина.
Зборувајќи на друга сесија од 32-от состанок на економските лидери на АПЕК, насловен „Заедничко создавање одржливост и посветла иднина“, тој инсистираше дека светот денес истовремено е сведок на продлабочувањето на научната и технолошката револуција и индустриската трансформација, но и слабиот економски раст, растечкиот јаз во развојот и интензивирањето на проблемот по климатските промени, безбедноста на храната и енергијата.
Тој презентираше иницијатива за идна соработка во регионот – ослободување на потенцијалот на дигиталниот и меморискиот развој, посветеност на зелениот и нискојаглеродниот развој и градење инклузивна и универзално корисна иднина. Си ги повика економиите на регионот целосно да ги искористат можностите на дигиталниот, зелениот и иновативен развој, како и да го забрзаат развојот на нови производни сили. Зборувајќи за развојот на вештачката интелигенција, тој ја нагласи потребата нејзиниот напредок да биде корисен, безбеден и фер за човештвото.
Тој предложи основање на светска организација за соработка во областа на вештачката интелигенција. Тој, исто така, ја нагласи одговорноста кон идните генерации и повика на зајакнување на рамнотежата помеѓу стратегијата за зелен развој на различните економии.
Кинескиот претседател повика на ставање на луѓето во центарот на политиката и зајакнување на соработката за спроведување на Агендата на Обединетите нации за одржлив развој до 2030 година, со заедничко искоренување на сиромаштијата и промовирање на заедничкиот просперитет, објави Танјуг. Тој ја нагласи важноста на традиционалната улога на АПЕК во економската и техничката соработка, особено во олеснувањето на балансираниот економски раст и развој.
МИА
Ново на Сител
-

Товарно возило излетало од патот Струмица-Радовиш, возачот загинал на местото на настанот
-

52-годишен гостиварец нападнал малолетник
-

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија
-

Рубио: Куба веќе „падна“ и е пропадната држава
-

Иран се закани со напади врз енергетската инфраструктура по говор на Трамп
-

Уапсен маж од Осака - чувал крокодил без дозвола
-

МЕРМС: За само две години Министерството постави највисок стандард на отвореност
-

Жените сe 39,2 отсто застапени во Собранието, но само 15 отсто во Владата, утврди ДЗР
