Сијарто: Целта е силна Европа, начините за постигнување се различни
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека сите сакаат силна и успешна Европа, но оти ставовите за како да се постигне тоа се различни.
Сијарто исто така повика и на забрзување на приемот на Западен Балкан во ЕУ, јавија унгарските медиуми.
Шефот на унгарската дипломатија рече дека постојат луѓе кои веруваат дека Брисел мора да собере што е можно повеќе моќ на сметка на државите членки.
– Унгарија ја отфрлува идејата за обединети држави на Европа, како и тоа дека државите членки треба да се дистанцираат од своите национални и културни идентитети, додаде тој.
Според него, за Европа да биде силна и конкурента, конкуренцијата мора да биде дозволена внатре во Европската унија.
Сијарто рече и дека Европа е соочена со нови историски предизвици, а „новиот светски поредок“ претставува нов вид предизвик за иднината на Европа.
Тој укажа и на предизвиците како што се, меѓу другото, „војната во непосредно соседство“, терористичките закани и масовната илегална миграција.
Сијарто истакна дека Брегзит води кон губење на „многу важна“ држава членка и европскиот христијански идентитет е доведен во прашање.
Како што наведе, се работи на тоа сите заостанати спорови да се решат пред изборите за Европскиот парламент но оти се случува споровите, многу брзо, „да станат емотивни и оние кои се противат на мејнстримот наскоро да бидат негативно означени“.
Ново на Сител
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Бектеши останува во 30 дневен притвор – Папазов оди дома
-
Обвинителството бара повисока казна за возачот кој ја прегази Теодора
-
Стручен надзор на Кардиохирургија
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот
-
ЗНАМ не прифаќа владин партнер што „соработува“ со ДУИ, Касами тврди ќе се зголемува мнозинството
-
Аптеките бараат ослободување од обврската за објавување цени на интернет
-
Христијаните го празнуваат Велики четврток