Си играат богови - Суд во Англија одлучил за смрт на момче, суд во Стразбур дал согласнот
Чарли Гард е роден минатата година во август како здраво момче. Родителите Кони и Крис биле пресреќни поради приновата, но по 8 недели започнале проблемите. Чарли одеднаш започнал да слабее, а кога докторите го прегледале установиле дека има ретко генетско пореметување, поради кое му слабеат мускулите, а мозокот трпи големи оштетувања.
Малиот Чарли сега има 11 месеци, а повеќе од половина живот е приклучен на апарати благодарејќи на кои и понатаму живее. Докторите велат дека нема лек за детето, па најдобро е да се исклучи од апарати за да не се мачи. Меѓутоа родителите не се сложиле со ова и започнале да ја тужат болницата.
Судот во Велика Британија пресудил во корист на докторите, а родителите правдата ја побарале во Стразбур.
Кони и Крис не ја добиле поддршката од Стразбур. Евроспкиот суд за човечки права ја потврдил одлуката на британскиот суд и одлучил малиот Чарли да биде исклучен од апаратите.
Ново на Сител
-
Задутре почнуваат новите правила за влез и излез од ЕУ
-
Се зголемува бројот на граѓани кои бараат психијатриска помош по трагедијата во Кочани
-
1.200 ученици во Прилеп го формираа македонското знаме – започна одбележувањето на 11 Октомври
-
Преглед на вестите од светот
-
Шаини: Мојата сопруга не е вмешана
-
Мицкоски: Историски инвестиции во општините
-
Филипче: Власта ги понижи лозарите
-
Ѓорѓиевски: Нов здравствен дом во Кисела Вода