Свет
23. November 2016 - 9:47

Си-Ен-Ен се извини поради кајронот, кој содржеше навреда кон Евреите

Американската телевизија Си-Ен-Ен и нејзиниот водител Џејк Тејпер им се извинија на гледачите поради кајронот, на кој пишуваше „Дали евреите се луѓе?“.

Тајпер изјави дека бил запрепастен кога тоа го здогледал во текот на неговата емисија.

Имено навредливиот кајрон со зборовите „Основачот на групата на алтернативната десница прашува дали евреите се луѓе?“, кои му се припишуваат на американскиот националист Ричард Спенсер, се појави додека учесниците во емисијата разговараа за тоа дали Доналд Трамп треба да ги осуди таквите изјави.

Си-Ен-Ен издаде соопштение, нагласувајќи дека написот бил „лоша проценка“ и оти многу жали поради тоа.