Во општина Гази Баба се одржа осмата „Пивтијада“
По повод верскиот празник Богојавление-Водици, денеска на плоштадот во Автокоманда, општина Гази Баба се одржа осмата „Пивтијада“.
На манифестацијата учествуваа жените од урбаните и месните заедници, организацијата на жени на Гази Баба, Здружението на пензионери и неколку ресторани од подрачјето на општината, кои ги подготвуваа пивтиите.
Оваа манифестација има хуманитарен карактер и средствата собрани
од продажбата на пивтиите се наменети за потребите на Клиниката за детски болести во Скопје.
„Пивтијадата“ има и натпреварувачки карактер, а се наградуваа најубаво декорирани пивтии во две категории: аматери и професионалци.
Во категоријата аматери, награди добија Стојна Трајановска, Надежда Кирковска и Катерина Петреска. Во категоријата професионалци наградата ја доби ресторанот „Дојрана“.
Манифестацијата ја отвори градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски, а настапија Лајв Бенд, Тања и Владимир, Антониа Гиговска, Кристијан Тасевски и Валентина Димитриевска.
Ново на Сител
-
Нови пријави за оштетени автомобили и поплавени објекти во Скопје
-
Прва седница на Владата, ќе се разгледува информацијата за повисоки пензии
-
Најмногу дожд изминатото деноноќие наврнал во Куманово
-
Боливискиот претседател негира дека стои зад неуспешниот обид за државен удар
-
Дебата Бајден/Трамп: За Бајден противкандидадот е плачко и уличарка, Трамп вели ќе ја заврши војната во Украина
-
Европските лидери ги избраа носителите на врвните функции во ЕУ
-
Состојба на патишта
-
Променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи