Шведски епидемилог: Требаше порано да се затвориме
Шведска минува низ епидемијата на коронавирус со најмалку рестриктивни мерки меѓу развиените земји, но во услови кога се очекува бројот на починати да надмине 4.000, стратегијата на земјата е цел на критики.
Анека Линде, претходничка на државниот епидемиолог Андерс Тегнел, изјави за британски Обсервер дека построги ограничувања требало да се воведат во претходната фаза на епидемијата.
Линде, која го предводеше одговорот на Шведска на пандемијата на свински грип и појавата на САРС од 2005 до 2013 година, досега го поддржуваше пристапот за борба против коронавирусот.
Сега, сепак, таа е првиот припадник на јавниот здравствен сектор што се дистанцира, велејќи дека се предомислила поради релативно големиот број смртни случаи во Шведска во однос на соседите, Данска, Норвешка и Финска.
– Мислам дека ни требаше повеќе време да се подготвиме, ако се затворивме многу рано, можевме да обезбедивме се што е потребно за да ги заштитиме ранливите категории, рече Линде.
Ново на Сител
-
Спречени обиди за криумчарење парфеми, тутун, облека со потпис на познати модни брендови
-
Трамп вели дека има право да депортира мигранти без судење
-
ЦУК: Пожарот на градската депонија во Демир Хисар сè уште активен, но под контрола
-
Деветмина загинати и 30 ранети во руски напад врз украинскиот град Марханец
-
ММФ прогнозира раст на македонската економија од 3,2 проценти
-
На погребот на папата Франциск се очекуваат над 200.000 лица
-
Лани создаден комунален отпад од 790 866 тони, 438 килограми по жител
-
Во Кривичен продолжува судењето за убиството на Вања и Панче, сведочи Палевски