На погребот на папата Франциск се очекуваат над 200.000 лица
За погребот на папата Франциск се очекува в сабота наутро на плоштадот Свети Петар во Ватикан да присуствуваат над 200.000 луѓе, оцени Комитетот за јавен ред и безбедност на седница со која претседаваше италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедоси.
Во Рим се очекува да пристигнат најмалку 100 странски делегации.
Како што е најавено, повеќето странски делегации ќе пристигнат во Рим в сабота и ќе заминат во текот на денот, додека американскиот претседател Доналд Трамп се очекува да пристигне во Рим в петок.
Папата Франциск, роден како Хорхе Марио Бергољо во Буенос Аирес, Аргентина, беше првиот папа од Латинска Америка.
Тој почина на 21 април на 88-годишна возраст, а директорот на Управата за здравје и хигиена на Ватикан, Андреа Арканџели соопшти дека папата починал од мозочен удар и срцева слабост.
Како што соопшти Канцеларијата за литургиски настани во Ватикан, тој ќе биде погребан в сабота на 26 април.
Ново на Сител
-
Пет пациенти се враќаат од лекување од Србија
-
Палевски: Не може да се прогласи човек за виновен, доколку покрај изјавата нема материјален доказ
-
Неделава променливо облачно и нестабилно време
-
Телото на папата Франциск е привремено балсамирано
-
Лишени од слобода две лица во Демир Хисар, предизвикале пожар на градската депонија
-
Телото на папата Франциск е привремено балсамирано
-
Голема полициска акција: Мрежа од 50 лица со лажни дијагнози овозможувале туѓа нега и инвалидски пензии
-
83 годишен затвореник почина во затворот во Штип