-->
-->
Шуто Оризари конечно доби матичен гинеколог
-->

Поликлиниката во Шуто Оризари отсега ќе има и матичен гинеколог, услуга која на локалните жители не им беше достапна повеќе години. Со новоотворената гинеколошка ординација околу 20.000 жени ќе имаат пристап до примарна гинеколошка здравствена заштита.
Освен тоа, поликлиниката во Шуто Оризари за две недели ќе има и неколку тимови матични лекари, кои ќе бидат на располагање на жителите од таа населба. Претходно имаше шест неуспешни обиди за поликлиниката да има општи матични лекари.
Министерот за здравство смета дека со тоа се заокружува еден сериозен процес на олеснување на пристапот кон здравствена заштита на сите жители од оваа населба.
Мирјана Јовеска
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Mицкоски: Протестите во Кочани преминаа во политичко движење
-
Мицкоски: Извештајот ќе биде усвоен
-
Тема на денот со Ана Марјановиќ, онколошки пациент, дел од Хема-Онко
-
Утре е изборот на Алиу за министер за здравство
-
Бугарија бара смена на известувачот за Македонија Томас Вајц
-
СДСМ: Набавен сомнителен софтвер за прислушување
-
Владата го демантира СДСМ: Нема набавка на нов софтвер
-
Одморалиштето „Пониква” станува центар за рехабилитација на повредените од пожарот во Кочани