Шулц се повлекува од функцијата во ЕП
Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц изјави вчера дека ќе се повлече од функцијата и ќе се врати на политиката во неговата родна Германија, јави ДПА.
Шулц, кој е член на Германската социјалдемократска партија (СДП), ја даде оваа изјава за телевизијата „А Ер Де“ и наведе дека денеска во Брисел ќе ги појасни деталите.
Германскиот весник „Зидојче цајтунг“ пишува дека Шулц ќе ја предводи листата на својата партија во Северна Рајна-Вестфалија на парламентарните избори кон крајот на 2017 година.
Шулц се смета за можна алтернатива на сегашниот министер за економија Зигман Габриел, кој е заменик-канцелар на Ангела Меркел.
Тој може да биде и кандидат за функцијата министер за надворешни работи, која ќе биде слободна во февруари, ако актуелниот министер на таа функција Франк-Валтер Штајнмаер стане претседател, како што се очекува.
СДП ќе објави кандидатот за канцелар во јануари.
Ангела Меркел ќе биде кандидат на другата партија во коалициската Влада, Христијанско-демократскиот унија.
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Протест за Вардариште
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Шест пратеници влегоа во АНБ со иста цел, но различни барања
-
Пожарот во Дрисла ги угуши скопјани
-
Какви последици врз здравјето предизвикува горење на депонија?
-
Проф. Трајковски: Аерозагадувањето не смее да се прифаќа како нормално
-
Азир Алиу го промовираше Здравствениот совет - Најави и ангажман на лекари од приватно во јавни установи