Штрајк на вработените во градинките и училиштата - СОНК задоволен тврди дека штрајкувале 25.000 работници
Штрајкот е успешен, оценува СОНК. Со масовноста испратена е силна порака до власта дека вработенбите во дејностите образование и во градинките се незадоволни од социјалната состојба во која се наоѓаат.
Штрајкуваа 25.000 просветни работници и вработени во градинките. Меѓу нив има и такви кои не се членови на СОНК, но се приклучија на штрајкот.
Неделков изрази благодарност до родителите кои не ги пуштија децата во училиште и градинка и се солидаризираа со наставниците, и се извини до сите на кои штрајкот им предизвика непријатности и немаа каде да ги остават децата.
Сепак, вели дека ниту едно дете кое утрово дошло во установите не било вратено.
Штрајкот се одвива според планираното, потврдуваат и од штрајкувачките одбори во градинките, основните и средните училишта. Во некои од нив делумно имаше нсатава, но главно клупите денеска останаат празни.
Има и притисоци. Посебно се изразени во градинките во Центар, Карпош, Валандово, Гевгелија, Битола. Ако заканите продолжат, СОНК најавува и кривични пријави. Друг облик на притисок се врши врз младите наставници кои се уште се приправници, тие баш утре се повикани на полагање.
Штрајкот продолжува и утре. Очекувањата се дека утре ќе има и нова рунда преговори за изнаоѓање решение за барањата на СОНК.
-
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар