Македонија
15. July 2021 - 21:16

Што покажуваат првичните податоци од пописот на дијаспората – Колку македонски државјани се иселиле во последните 30 години

Се повеќе деца се раѓаат во странство, а се помалку во земјава. Ова го покажуваат не само податоците на светски истражувања, туку и бројките на надлежните институции во државава, меѓу кои и Државниот завод за статистика. Загрижувакчи е фактот што младите лица пред се својата иднина ја планираат во странство, вели првиот човек на статистика Симовски.

Поради тоа, Симовски вели дека се недостижни бројките од 2 милиони жители кои ги покажа последниот попис пред речиси 20 години, бидејќи иселувањето од земјава во овој период е поинтензивно.

Според последните податоци на ДЗС, во странство за 4 и пол месеци се попишале околу 190 000 македонски граѓани. Најмногу од нив живеат во Швајцарија, Германија и Италија. Слаб бил одзивот во Австралија и Канада. Иако бројките засега се мали, сепак станува збор за првични резултати. Граѓаните од дијаспората можност за самопошишување имаат уште 2 месеци. Паралено течат подготовките и за пописот во земјава, кој ќе се оддржи од 5ти до 30ти септември.