Македонија
15. August 2015 - 18:12

Што ќе се случува со времето утре?

 

ВРЕМЕТО УТРЕ:Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Доцна попладне и во текот на ноќта нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилни врнежи од дожд, електрични празнења и повремено засилен северен ветер, локално во форма на невреме со појава на град.. Утринската температура ќе се движи од 13 до 20, а дневната од 29 до 36 степени. УВ=7

СКОПЈЕ УТРЕ:Сончево и топло, кон крајот на денот и во текот на ноќта нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 35 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Нестабилноста ќе продолжи и во понеделник, особено претпладне, а дневната температура ќе опадне за 3-4 степени. Попладне ќе дува умерен западен ветер и облачноста ќе се намалува. Потоа во наредните два дена ќе преовладува стабилно и сончево време со умерена облачност, а температурата ќе биде во благ пораст.