Loading Video...
Балкан
4. January 2025 - 16:56

Што ќе одлучи Бугарија по одлуките на Стразбур?

Бугарија нема да ги промени своите позиции за регистрација на македонските здруженија наложени со Пресудите на Судот за човекови права и покрај најавите Советот на Европа дека по 17 години предупредувања за официјална Софија, овој пат се можни и санкции. Бугарските аналитичари сметаат дека тоа што Бугарија е членка на Европската унија е доволно силна позиција да не ги спроведе одлуките на Судот од Стразбур.

Владимиров смета дека здруженијата на Македонците во Бугарија, но и бугарските клубови од Македонија не треба да бидат дел од решавање на македонско-бугарскиот проблем во делот на интеграцијата. Советува, Скопје и Софија да се посветеле на меѓусебната инфраструктура и економија.

Спроведување на пресудите на Судот за човекови права се македонско барање во разговорите со официјална Софија како противтежа на бугарското барање за промена на Уставот со цел внесување на Бугарите во него.  Но, тоа е и едно од најгорливите меѓународни прашања за Софија имајќи пред вид дека Советот на Европа веќе 18 години ја мониторира Бугарија за спроведување на 6 пресуди за регистрација на ОМО Илинден Пирин. Во октомври Комитот на министрите издаде и последна препорака Бугарија да ги спроведе пресудите, давајќи нрок тоа да го стори до 16 декември, рок кој веќе истече.  При тоа беа најавени и можни санкции, а членки на Советот на Европа се заканија дури и со исклучување на Бугарија од организацијата.

Засега документот со позициите на Советот на Европа е клаифициран, но конечната одлука како ќе се постапува со Бугарија треба да се очекува во март.