Штипското советничко мнозинство во понеделник ќе го каже ставот за свечените изјави
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска најави дека деновиве ќе има координација со советниците од ВМРО ДПМНЕ, но и ќе се консултира и со правните служби во општината, откако вчера пристигна решението опомена од државниот инспекторат за локална самоуправа во кое се вели дека свечените изјави кои ги дадоа советниците се спротивни на Уставот, без уставното име. Рокот да се постапи по решението е 15 дена.Јорданов во решението препознал политика, како и опструкции на неговата работа изминатите две недели.
-Додека ние работиме, тие не бираат средства и начини, како да ја опструираат работата и ја закочат работат во Општина Штип. Ова е еден од механизмите што го практикуваат, вели Јорданов.
Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Душко Иванов најави дека во текот на викендот ќе направат координација, по што ќе заземат став и кои ќекори ќе ги преземат. Додека координаторката на советничката група на СДСМ, Маријана Рогожарска-Поповска вели дека во понеделник ќе дојдат на третата седница, но, дали ќе останат и ќе се вклучат во донесувањето на одлуките ќе зависи од тоа какви одлуки и чекори ќе преземе мнозинството.
Инспекторите од државниот инспекторат за локална самоуправа при вонредниот надзор истакнаа дека се надеваат на соработка, во спротивно може да донесат и одлука „забрана за прописи“.
Ново на Сител
-

Словенија: Илегалниот отпад е бизнис вреден милиони евра, полицијата формира посебен оддел за еколошки криминал
-

Алиу: Министерство за здравство е посветено темелни реформи на системот на примарна здравствена заштита
-

Тројца загинати и 55 спасени мигранти во близина на грчкиот остров Гавдос
-

Конференција „Западен Балкан 2030“: Дигитализацијата е клучот за соработка во регионот и за нејзината одржливост
-

Средба на претседателот на Собранието Гаши со постојаната координаторка на ОН, Рита Колумбија
-

ДИК ги прогласи Локалните избори 2025 за конечно и официјално завршени
-

Одложено судското рочиште за случајот со прегазениот пешак кај Паркот на Франкофонијата
-

Малолетник повреден со нож во скопски Центар, завршил со исекотини на клиника
