Штипски „Исар“ прави калкулации за можно зголемување на цената на водата
Штипското комунално претпријатие „Исар“ ги прави пресметките дали од 1 јануари домаќинствата и фирмите ќе добиваат повисоки сметки за вода за пиење.
Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Трајче Здравков вели дека наредната недела ќе се знае дали по Новогодишните празници ќе има зголемена цена. Проекциите се прават според рамката, односно дадениот план од 2021 до 2023 година од Регулаторна комисија, а во која се дадени минимална и максимална цена. Но, смее да биде повисока од 36,25 денари за метар кубен.
-До крајот на годината со донесување на финансискиот план и Програмата на претпријатието ќе се дефинира и цената согласно методологијата на Државната регулаторна комисија, вели Здравков.
Штипски „Исар“ од 1 декември е на регулираниот пазар за електрична енергија и се очекува декемвриската сметка да биде пониска, за разлика од останатите. Разликата ќе се искористи за враќање на долговите.
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
