Македонија
12. јуни 2026 - 16:32

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура

Со француска поддршка ќе се зајакнуваат капацитетите на македонските музеи, а по примерот на франсуцките искуства ќе се прави конзервација и реставрација на македонското културно наследство.

Ќе се дигатилизира и архивскиот материјал, а како дел од меморандумот ќе се конзервира целокупниот аудио и видео материјал на архивските служби на Македонската радио-телевизија.

Станува збор за поголем проект во кој се вклучени радија и телевизии од регионот, меѓу кои и МРТ.