Штипската болница ги чека резулатите за уште три лица
Добра е здравствена состојба на четиригодишноте дете кое е првиот случај со корона вирус во Штип. Детето со мајката се сместени на Инфективното одделение. Се чекаат резултатите за тројца од семејството, рече на денешната прес-конференција Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев.
Надлежните од Центарот за јавно здравје дополнува дека кај нив се јавиле дополнително пет лица, кои биле во контакт со семејството и во текот на денот ќе бидат тестирани.
– Добра работа е што малата пациентка е во добра здравствена состојба и со лесна клиничка слика. Во тек се иследувањето на сите оние контакти, коишто биле со пациентката, коишто по препорака на епидемиолозите треба да се тестираат и ги чекаме резултатите за сите оние коишто биле во околината на пациенот, вели Ѓеорѓијев.
Министерот за здравство, Венко Филипче информираше дека семејството е пристигнато од Англија на 14 март, а за тестираење се јавиле по појавата на симптомите кај девојчето. Директорот на штипската болница, Ѓеорѓијев потенцираше дека од денеска на сите пациенти кои ќе влегуваат во болницата ќе им се мери телесната температура, набавени се 18 далечински мерачи. Во штипската болница има два респиратори, а во тек е набавка на уште еден. Набавени се и заштитни наочари за сите лекари.
Апелираше пациентите да доаѓаат во болницата само во итни случаи, со цел да се штедат и ресурсите на болницата.
-Секој ден се трудиме да го заштитиме персоналот на болницата и на оние пациенти кои ќе дојдат на преглед во Клиничка болница-Штип. Пред два дена набавивме дополнителни 200 скафандери, а денеска сите вработени ќе добијат заштитни наочари, вели Ѓеорѓијев.
Потенцираше дека сите амбуланти по 15:00 часот се дезинфецираат, поставени се и апарати за дезинфекција пред сите амбуланти, за да пациентите ги дезинфецираат рацете.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека до утринава во самоизолација се 345 граѓани кои допатувале од странство во своите родни места во источниот регион. Оваа бројка за разлика од вчера е зголемена за сто, се зголемува и бројот на лица кои со решение се под посебен надзор, во Штип ако вчера биле шест сега има дополнителни девет, со што бројката се искачи на 15.
Во текот на денот СВР-Штип ќе информира и колку кривични пријави се поднесени за непочитување на мерките за самоизолација.
Ново на Сител
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено