Штип бара поддршка од воздух за гаснење на пожарите
Пожарникарите, хеликоптерите, припарниците на АРМ и Полицијата, како и на останатите институции од утринава се на терен за да го гасната пожарот на планината Серта на две критични точки, над селото Драгоево и на ридот Штракалево меѓу селото Драгоево и полигонот Пенуш, информираше денеска командирот на ТППЕ-Штип, Благој Ренџов по одржаниот координативен состанок во Општина Штип.
-На терен рано од сабајле е излезена војската, од 40 до 60 припадници на Армијата, од ТППЕ –Штип имаме излезено две возила, потоа една цистерна и еден џип. Состојбата се следи бидејќи на полигонот Пенуш е ризично да се дејствува имаме неиспукана муниција. Таму ја следиме состојбата и чекаме поддршка од воздух, вели Ренџов.
Тој потенцираше дека во зоната околу полигонот Пенуш е забрането за движење на населението, а дозвола имаат само војската и пожарникарите. Ренџов вели дека овој пожар може да се изгасне само со поддршка од воздух.
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов по координативниот состанок со претставници на институциите за пожарите на планината Серта вели дека потребно е дејствување од воздух во штипскиот регион, бидејќи станува збор за непристапен терен.
МИА беше до селото Драгоево, ги затекнавме припадниците на Армијата, кои со камион се упатија кон ридот Штракалево, од селото не може да се види огнот, бидејќи е подлабоко во планината и низ доловите, но се гледаше и мирисаше на чад.
Ново на Сител
-
Премиерот фрли лопата - Нова инвестиција вредна 40 милиони евра и 600 нови вработувања
-
О2 бара државата да забрани увоз на половни возила постари од 10 години
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: ДУИ креира тензии
-
Запленети 4 тона марихуана
-
Бишев: Владата ги носи економските политики
-
Петрова: Даноците се собираат според планот
-
О2: Владата да забрани увоз на автомобили постари од 10 години