Штајнмајер: Трамп е закана за американската и светската безбедност
Кандидатот на Републиканската партија за претседател на САД, Доналд Трамп претставува закана за американската и светската безбедност поради својата „политика на страв и изолација“, изјави денеска германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер.
Тој во интервју за Ројтерс, чии делови пренесува Танјуг, вели дека е загрижен поради, како што рече двосмилените ветувања на Трамп дека „Америка повторно ќе ја направи силна“, додека истовремено најавува дека ќе го намали бројот на војниците стационирани во странство.
- Тое е контрадикторно и ме загрижува, рече Штајнмајер, кој наскоро треба да отпатува во Вашингтон на состанок со други министри за надворешни работи и одбрана на тема американските напори во борба против групата Исламска држава.
- Политиката на страв и изолација ќе донесе помалку, а не повеќе безбедност и ќе биде опасна не само за САД, туку и за Европа, како и за остатокот од светот, нагласи шефот на германската дипломатија.
Штајнмајер, кој е социјалдемократ, веќе со месеци го критикува Трамп поради неговиот говор „Прво Америка“ и има пофални зборови за кандидатот на демократите Хилари Клинтон, нарекувајќи ја искусен експерт за надворешна политика.
Ново на Сител
-
Мерки на претпазливост за пијаниот возач кој завчера удрил девојка на пешачки – Во февруари казнети 23.844 возачи
-
Што ќе содржи обвинителната одлука за скандалот на Онкологија?
-
Апелација му скрати четири години од казната на Боки 13 за „Рекет“
-
СДСМ предлага закон за зголемување на платите
-
Левица: Плата да се исплаќа до 5ти во месецот
-
Научна конференција: Новите предизвици во високото образование и синдикалното движење
-
Дневен центар за пензионери во Охрид
-
Прилепските извидници прославија 10 години