Штајнмајер: Европа се соочува со нови ризици
Денеска кога се навршуваат 75 години од нацистичката инвазија во Советскиот Сојуз, која доведе до смрт на десетици милиони луѓе, на Европа и се закануваат нови линии на поделби, оцени германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер во статија објавена во неколку медиуми во Русија, Украина и Белорусија.
Според него, ниту денес не можеме да сметаме дела мирот во Европа е загарантиран.
- Едностраната промена на границите се коси со меѓународното право, а непочитувањето на територијалниот суверенитет на соседите не враќа во времиња од кои сметавме дека сме избегале, времиња кои никој не ги посакува, наведува Штајнмајер, алудирајќи на руската анексија на Крим и кризата во источна Украина.
Штајнмајер ги повика сите засегнати страни во конфликтот во Украина да се вратат на дијалогот, при што посочи дека „денешните лидери се должни да извлечат правилна поука од нашето заедничко минато".
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Складовите на Македонски шуми претворени во депо за стари и хаварисани возила
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Нов протестен марш во Скопје
-
Двојни стандарди за ЕУ интеграции
-
Младите помеѓу реалноста и можностите
-
Протестен марш во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски штител лични интереси