Макрон денеска домаќин на итен неформален состанок на европските лидери за Украина
Лидерите на неколку европски држави денеска се собираат во Париз за да договорат заедничка позиција за Украина пред администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Средбата се одржува во време кога администрацијата на Трамп остро ја критикува ЕУ и има намера директно да преговара со Русија за ставање крај на војната во Украина.
Францускиот претседател Емануел Макрон ќе биде домаќин на претставници од водечките европски држави, потврди францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.
Елисејската палата соопшти дека средбата е неформална и ќе се одржи попладнево, а на неа ќе присуствуваат лидерите на Германија, Велика Британија, Италија, Полска, Шпанија, Холандија и Данска, како и претседателката на Европската комисија и генералниот секретар на НАТО Марк Руте.
-Целта е да се утврди што можат Европејците сами да сторат за себе, имајќи го предвид забрзувањето на настаните во Украина по иницијативите на претседателот Трамп, изјави советник на Макрон. Тој нагласи дека Европа мора да преземе повеќе одговорност за сопствената безбедност.
Средбата се случува во исклучително чувствителен момент. Трамп неодамна разговараше телефонски со рускиот претседател Владимир Путин, при што беше спомената можноста за преговори за Украина. Ова ги вознемири европските лидери.
Минатата недела Трамп најави дека ќе се сретне со Путин во Саудиска Арабија за да започнат преговори за Украина, но кога вчера беше запрашан за точниот датум, одговори дека средбата може да се случи многу скоро, но дека засега нема точен датум.
Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Обединетите Арапски Емирати, а претходно најави дека можно е да ја посети и Саудиска Арабија.
На безбедносната конференција во Минхен, која заврши вчера, американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс изнесе критики кон ЕУ, обвинувајќи ја за непочитување на слободата на говор. Тој потврди дека САД размислуваат за преговори за Украина без учество на Европејците.
Украинскиот претседател Зеленски ги повика сојузниците да останат силни и да спречат договор што би бил донесен зад грбот на Украина и Европа.
-Трамп не спомна ништо дека на Америка и треба Европа на преговарачката маса, рече Зеленски. „Тој почитува само сила“.
-Украинците нема да застанат додека не се уверат дека мирот што им се нуди е траен и додека немаат гаранции за безбедност, нагласи тој понатаму.
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро изјави дека Европа ќе биде дел од преговорите за Украина, на еден или друг начин.
-Улогата на САД е да го натераат Путин да преговара, а тие (Американците) мислат дека ќе го постигнат тоа преку мешавина од дијалог и притисок, додаде Баро.
-Ние одамна сфативме дека е бескорисно да се води дијалог. И мислам дека тие брзо ќе сфатат дека само притисок може да го доведе Путин на преговарачка маса, додаде Баро.
Тој, исто така, го опиша враќањето на Русија во Г7 како незамисливо, реагирајќи на изјавата на Доналд Трамп во таа насока.
Министрите за надворешни работи на Франција, Германија, Италија, Полска, Шпанија, Обединетото Кралство и Украина одржаа состанок минатата среда во Париз. И токму тогаш, тие беа зачудени кога дознаа дека Трамп имал телефонски разговор со Путин кој траел час и половина. Тогаш министрите за надворешни работи едногласно изјавија дека нема да има решение за Украина без Киев, ниту без нив.
Ново на Сител
-
КБК Шампион со 5 натпреварувачи на Европскиот куп во Пловдив
-
Мелони по посетата на папата Франциск во болница: Тој е „внимателен и одговорен“ и со добра смисла за хумор
-
Трамп го нарече Зеленски „диктатор“, продлабочувајќи го јазот меѓу двајцата лидери
-
Од фудбалски соништа до интернет сензација | Стефан Лазаров | Неформално | Sitel Podcast 082
-
Путин задоволен од резултатите од руско-американските преговори во Ријад
-
Без вода утре дел од Центар
-
Кривична против 59-годишен професор од Кочани, нападнал ученик со метален предмет
-
Уапсен 28-годишник од светиниколско, се обидел да изврши обљуба врз 18-годишна девојка