Штајнмаер и вети поддршка на Грција за бегалците
Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер и вети денеска на Атина поддршка околу „товарот на приливот на илјадници бегалци“, кои секој ден пристигнуваат на грчкото крајбрежје.
- Ќе ја поддржиме Грција, која се соочува со овој голем предизвик, изјави Штајнмаер за време на посетата на Атина за грчкиот весник „Та неа“.
Тој смета дека дека Европа „мора да покаже повеќе храброст за да зајакне“.
- Мораме да работиме заедно за да ја држиме ситуацијата под контрола, да ги обезбедиме надворешните европски граници, да развиеме заеднички пристап кон азилот и имиграцијата и правично да ги распоредиме бегалците, рече Штајнмаер.
Тој денеска треба да разговара со грчкиот премиер Алексис Ципрас, претседателот Прокопис Павлопулос и грчкиот министер за надворешни работи Никос Коцијас за примена на реформите и мерките за штедење, кои кредиторите ги бараат од Грција во замена за третиот, јунски пакет помош.
Ново на Сител
-
Хрватскиот претседател Милановиќ во официјална посета на Македонија
-
Мицкоски до полицијата: Правдата мора да дојде преку непоткуплива полиција, чувајте ја Македонија
-
СДСМ Куманово обвинува дека Максим Димитриевски е фатен во огромна корупција
-
Дали Македонија напредува на патот кон ЕУ?
-
Жителите на Кривогаштани на протест, не даваат реконструкција на 2 моста додека не се најде алтернативен пат
-
Преглед на вестите од светот
-
Полагање на државна матура 2025 година - Смислија ли надлежните нови механизми за да се спречи препишувањето?
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар