Шпанската Влада одби да ја прифати новата Влада на Каталонија

Шпанската Влада денеска ги прифати овластувањата на новоизбраниот каталонски лидер Ким Тора, но одби да ја прифати новата влада на Каталонија, затоа што во неа има министри обвинети за бунт против Шпанија.
Новиот каталонски премиер завчера го објави составот на својата Влада, во која влегоа двајца поранешни министри кои се наоѓаат во затвор, и двајца политичари кои живеат во егзил по обидот за одвојување на Каталонија од Шпанија.
Двајца од 13-те советници (министри) во регионалната Влада - Жорди Турул и Жозеп Рул се во притвор во близина на Мадрид, а други двајца - Тони Комин и Луис Пуч живеат во егзил во Белгија, каде што избегаа заедно со поранешниот регионален лидер Карлес Пуџдемон откако беше соборен од власт. Турул и Рул на Твитер соопштија дека ги прифаќаат функциите.
Според одредбите на итното законодавство, Мадрид треба да ја укине директната управа по формирањето на каталонската Влада и именувањето министри.
Меѓутоа, шпанската Влада соопшти дека именувањето на четворицата министри претставува отворена провокација, па сега е неизвесно кога ќе биде укинато директното владеење на Мадрид врз Каталонија.
Шпанскиот премиер Маријано Рахој изрази надеж дека Каталонија наскоро ќе формира одржлива влада која ќе ги почитува законите.
- Се надевам дека наскоро ќе биде формирана одржлива влада, која ги почитува законите и ќе почне дијалог со нас, рече Рахој.
Ново на Сител
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
-

Давитковски: Правосудниот испит законски се полага само на македонски јазик
