Шпанија: Откриени над 120 канистри со бензин
Шпанската полиција соопшти дека денеска открила повеќе од 120 канистри со бензин во куќа во Алканар, каде осомничените за двата неодамнешни напади најверојато изработувале бомба за еден или повеќе напади во Барселона.
Пред нападот во Барселона се случи експлозија во една куќа во Алканар, а полицијата претпоставува дека џихадистите по грешка предизвикале детонација.
Исто така шпанската полиција соопшти дека главниот осомничен за нападите, Јунес Абујакуб изнајмил три комбиња.
Трите комбиња се изнајмени со кредитна картичка на осоничениот Мароканец, Абујакуб (22), за кој постои сомневање дека тој влета на шеталиштето во центарот на Барселона и уби 13, а повреди 120 луѓе.
Тој се уште е на слобода и по него е организирана потера во североисточниот дел на Шпанија.
Ново на Сител
-
Пожар во Кисела Вода – повредени 4 лица
-
Меџити: Имаме поважни работи од промена на грбот и химната
-
По најавите на Трамп за зголемување на царините, македонските компании будно ја следат состојбата
-
Одложен тендерот за центарот за управување со отпад кај с. Мечкуевци
-
Преглед на вестите од светот
-
Може ли Скопје преку Вашингтон да најде пократок пат до Брисел
-
Службен весник ги објави одлуките за замрзнатите цени и маржи
-
Уставен суд поведе иницијатива по предлог на обвинителката Ленче Ристовска